Најнова состојба со Ковид-19 во светот, заразени 239.837 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 239.837 луѓе заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 9.953, а оздравеле 86.681 лица. – Вкупно 5.322 нови заразени случаи…

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 239.837 луѓе заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 9.953, а оздравеле 86.681 лица.

– Вкупно 5.322 нови заразени случаи и 427 нови смртни случаи во Италија. Вкупниот биланс на починати во Италија достигна 3.405 и го надминува кинескиот, станувајќи земја со најголем број смртни случаи од корона вирус во светот.

– НАТО најави прекин на сите мисии во Европа, со цел да помогне во спречување на ширењето на Ковид-19.

– Во Велика Британија бројот на починати од корона вирусот се зголеми на 137 лица.

– Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс, кој беше задолжен за борбата против корона вирусот, поднесе оставка.

– Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека секојдневно на корона вирус се тестираат десетици илјади Американци.

– Бројот на заразени случаи во Шведска се зголеми на 1.439 лица.

– Двајца претставници во американскиот Конгрес се заразени со коронавирус и се наоѓаат во самоизолација, објавија западните медиуми.

– Во Јужна Кореја се регистрирани нови 152 случаја на заразени, чиј вкупен број достигна 8.565 лица. Во претходните четири дена бројот на новозаразени дневно се зголемувал за помалку од 100 лица.


Related Articles