Во Берово утрово е најстудено, -4 степени, а најтопло во Виница, 4 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутрина во 7:30 часот се измерени -3 степени во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Демир Капија, -1 во Велес и Гевгелија, нула степени во Битола, Тетово, Крива Паланка и Штип, еден степен во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Претор, Попова Шапка, Лазарополе, два во Дебар, Маврови Анови и Крушево и три степени во Дојран.

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала локална облачност, наместа дуваше слаб ветер претежно од западен правец. Изутринава е сончево со мала локална облачност. Дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.