Оваа билка е симбол на мирот и изобилството, па честопати се чува во канцелариите.

Фикусот бенџамин, познат и како „смоква што плаче“ е една од омилените салонски билки. Честопати може да се види во канцелариите, може да има зелени или шарени листови, па со својот необичен изглед го разубавува секој простор. Лесно се одржува и може да порасне до 2 метри во висина. Ова растение е симбол на мирот и изобилството, што го прави идеално цвеќе во канцелариите.

Како да го поткастрите ова растение?

Како што истакнуваат цвеќарите, оваа билка редовно се поткаструва за да се подмлади и да се спречи претераното ширење и губење на формата. Најидеално време за кастрење на овие салонски билки е токму сега, односно пред да започне новиот вегетациски циклус.

Бенџаминот лесно поднесува кастрење и не е потребна посебна техника за средување на гранките. Доволно е да го кастрете еднаш годишно, а тоа ќе му помогне на растението да стане побујно и поубаво. Правилното кроење му помага на растението да ја одржи посакуваната форма, го поттикнува растот на нови гранчиња и го одржува растението здраво.

При кастрењето, важно е да користите остар и чист нож или ножици за да избегнете кинење или оштетување на растението.

Прво, отстранете ги мртвите или оштетените лисја и гранки. Потоа можете да му го дадете посакуваниот изглед. Исто така, важно е редовно да се отстрануваат сувите лисја за растението да биде чисто и здраво.

Бенџаминот е популарно салонско цвеќе поради неговата извонредна убавина, но и поради неговата способност да го прочистува воздухот. Ова растение може да отстрани различни токсични материи од воздухот, како што се формалдехид, ксилен и амонијак, што го прави одличен додаток во секој дом или канцеларија.

Покрај тоа, бенџаминот ја зголемува влажноста на воздухот и го намалува нивото на прашина. Има способност да апсорбира зрачење што оваа билка ја прави идеална за поставување во близина на електронски уреди, на пример, компјутер.

Одржувањето на Бенџаминот е многу едноставно, растението бара редовно наводнување, доволно светлина и повремено потхранување за да се одржи здраво и убаво.