Овој пијалок кој се прави по народен рецепт и е одличен прочистувач на белите дробови, препорачливо е да го консумираат сите, и оние кои пушат, но и непушачите.
За негова подготовка потребни се следните состојки:
– 400 грама кромид
– 1 литар вода
– 400 грама шеќер (ако сакате поздрава варијанта користете мед или јаворов сируп)
– 2 лажици куркума
– корен од ѓумбир со големина на палецот
Подготовка:
1. Додадете шеќер во вода, и ставете ги на шпорет да зовријат.
2. Исечете го кромидот, исечете го коренот на ѓумбирот и додајте ги и во зашекерената вода. Кога смесата ќе зоврие повторно додадете ја куркумата и намалете ја топлината на шпоретот.
3. Оставете ја смесата да зоврие додека количината на вода не се намали за половина. Потоа процедете го појалокот и истурете го во стаклена тегла. Кога целосно ќе се излади ставете го во фрижидер.
4. Земете две лажички еликсир наутро на гладно и навечер два часа по оброкот.