МИЕЊЕ НА ЗАБИТЕ ПО СЕКОЈ ОБРОК

Отсекогаш нѐ учеле дека миењето заби по секој оброк е одличен начин да го одржуваме оралното здравје, но современите лекари тврдат дека тоа не е соодветно. Храната на забите остава киселина, која може да го ослаби заштитниот слој, а миењето во тој момент кога заштитниот слој е ослабен, може да доведе до оштетување. Препорачливо е устата да ја исплакнете со вода по секој оброк, а забите мијте ги секое утро и вечер. Потрудете се тоа да го правите со кружни движења, бидејќи така најдобро се отстрануваат штетните бактерии измеѓу забите и непцата. Миењето на забите со движења нагоре-надолу или напред-назад може да ги остави штетните бактерии, кои предизвикуваат болести на десните.

ПРЕТЕРАНА УПОТРЕБА НА ГЕЛ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Ако сте од оние луѓе кои постојано употребуваат гел за дезинфекција, со цел рацете да ги одржувате чисти, тогаш време е да заборавите на оваа навика. Дерматолозите тврдат дека подобро е да ги миете рацете со вода и сапун, отколку да употребувате гел за дезинфекција постојано. Овој гел се употребува само кога немате можност да ги измиете рацете, но потребно е да одберете соодветен гел, затоа посветете внимание на тоа што пишува на етикетите. Одредени истражувања откриле дека геловите кои содржат трицлосан, може да ги засили вирусите и бактериите и да ги направи отпорни на антибиотици. Бирајте гелови кои содржат најмалку 60% алкохол, кој ќе убие 99% од бактерии на првиот допир.

ЧИСТЕЊЕ НА ДОМОТ СО СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Како и со антибактериските гелови и сапуни, дезинфекцијата на домот со посебни средства може да доведе до спротивни дејства, иако сметате дека на тој начин ќе ги убиете сите бактерии. Овие средства не е докажано дека се подобри од обичните продукти за чистење, а покрај тоа постојат докази дека хемикалиите кои ги содржат можат да доведат до астма. Избегнувајте производи кои содржат 2бутоксиетанол, за кој се смета дека е канцероген, алкифенол етоксилат, кој може да ги поремети хормоните и етаноламин, кој предизвикува астма. Но, бидејќи компаниите не се обврзани да ги наведат сосотјките на етикети, препорачливо е домот да го чистите на добриот стар начин, со мешање на вода и оцет или сода бикарбона. Двата начина имаат антибактериско дејство и немаат штете ефект. За вистински чист дом, потребно е да се чисти редовно, а не со убивањето на бактерии со помош на хемикалии.