Научниците од Израел откриваат дека омега 3 масните киселини можат да ви ја намалат потребата за цигари.

Пушачите кои земаат додатоци како рибиното масло пушат за 10 проценти помалку цигари, така што додатокот на омега 3 масни киселини ја намалува потребата за цигари.

Недостатокот на омега 3 масни киселини е чест кај пушачите, а тоа ги оштетува деловите на мозокот, кои се всушност задолжени за контрола на потребите.

-За време на истражувањето откривме дека омега 3 масните киселини се делотворен сојузник во одвикнувањето од цигари, кои за разлика од бројните други лекови немаат нус појави, изјави д-р Шерон Рабиновитз Шенкар.

Најдобри извори на омега 3 масни киселини се лососот, скушата, сардините, пастрмката, јаткастите плодови, семките од сончоглед и маслиновото масло.