Жените со крвна група А се повеќе плодни, но имаат и поголем ризик од рак на желудникот, групата 0 е заштитена од инфаркт, но не и висок крвен притисок, а групата Б носи ризик од рак на панкреасот.

Крвните групи се делат во четири групи: А, Б, АБ и 0 и два Rh фактори, плус и минус, а ги наследуваме од нашите родители.

Истражувањата за значењето на крвните групи за здравјето на луѓето долго време научно не се ценеа, поради злогласениот нацистички научник доктор Ото Рехе кој тврдел дека групата А е својствена за чистокрвните Ариевци, додека луѓето со крвна група Б се инфериорни на Ариевците.

Сепак, многу модерни студии го покажуваат совпаѓањето на одредени крвни групи со одредени болести, но и предностите кои ги носат.

  • Крвна група А – повеќе плодни, но склони кон пиење

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик на појавување на рака на желудникот. На жените со група А со тек на време најмалку им се н амалува бројот на јајцеклетки, па е поверојатно тие да можат да забременат и во постара доба.

Но, жените со крвна група А имаат поголем ризик за појавување на рак на желудникот, особено ако пушат и ако често пијат алкохолни пијалоци. Постојат и врски измеѓу крвната група А и склоност кон алкохолизам, но и кон опсесивно компулсивни нарушувања.

  • Крвна група Б – поголем ризик од чирови, но подобар метаболизам

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик од добивање рак на панкреасот. Исто така, луѓето со оваа крвна група имаат поголем ризик од проблеми со помнењето, па и појава на сенилност и Алцхајмер во постарите години.

Исто така, повеќе се склони кон настанување на чирови и разни воспаленија предизвикани од бактерии поради забавениот имунолошки одговор на инфекции. Сепак, за нив не е се` така црно бидејќи генерално имаат побрз метаболизам, полесно градат мускули и подобро реагираат на физички вежби.

  • Крвна група 0 – помал ризик од инфаркт, но и пократка плодност

Луѓето со оваа крвна група имаат една четвртина помал ризик од срцев удар и рак на желудникот. Имаат поголем ризик за добивање чир на желудникот предизвикан од бактеријата Хеликопактериом пилори, а мажите со оваа крвна група се склони кон дебелеење.

За жените од оваа крвна група двојно е поверојатно дека имаат помал број и полош квалитет на јајцеклетки, па поради тоа нивните шанси за оплодување се помали.

Добрата работа е тоа што оние со крвна група 0 се поотпорни на стрес – после трауматични настани кај нив нивото на хормонот на стрес кортизол, најбрзо паѓа.

  • Крвна група АБ – склони кон срцев удар, но со подобар вид

Жените со оваа крвна група имаат поголем ризик за настанување рак на јајниците, а бремените жени со оваа крвна група имаат поголем ризик од развивање на висок крвен притисок – прееклампсија.

Припадниците на оваа група имаат поголем ризик од срцеви болести и инфаркт, но и дигестивни проблеми, како хроничен гарстритис, Кронова болест.

Сепак, студиите покажуваат дека кај нив после трауматичен настан, нивото на кортизол долго останува стабилно, што ги прави помалку отпорни на стрес. Но, тие се помалку склони кон проблеми со видот, пишува Huffington Post.