Еден од честите проблеми со кој се соочуваат луѓето во нашите краишта, е песокот или камењата во бубрези и жолчка. Проблемот најчесто е предизвикан поради водата која ја пиеме, но и поради храната која ја јадеме.

За да се избегнат тешките и инвазивни методи на конвенционалната медицина, природната медицина нуди еден народен рецепт за топење и исфрлање на камчињата од организмот.

Потребни состојки:

250 г интегрален шеќер во прав
250 мл маслиново екстра девствено масло
250 г лимон со кора
250 г корен од магдонос (сомелен)
250 г мед

Постапка:

Лимонот добро измијте го и исчистете го од хемикалиите доколку бил прскан. Тоа можете да го направите со мешавината за чистење на овошје, односно раствор од вода и сода бикарбона и оцет.

Откако ќе го исчистите лимонот, исечете го на парчиња, извадете ги семките и сомелете го на блендер или во машина за мелење, колку може поситно.

Коренот од магдонос измијте го и излупете го, па исечкајте го многу ситно и сомелете го исто како лимонот. Измешајте ги заедно, па додадете мед, маслиново масло и шеќер. Состојките мешајте ги толку долго додека смесата целосно да се изедначи.

Употреба: Потребно е да се комбинира по една супена лажица од смесата наутро на гладно и навечер пред спиење. Смесата е потребно да се чува во фрижидер.