Докторите сметаат дека со некои промени во начинот на животот може значително да се смали нивото на лишиот холестерол во крвта. Ви ги претставуваме 10-те корисни совет кои ќе ви помогнат да го намалите холестеролот.

1. Најважно е да се намали внесувањето на заситени масти.

2. Конзумирајте месо кое не е мрсно – риба, згответе јагнешко и месо од дивеч.

3. Пијте млеко исклучително со ниска масленост. Ова важи за сите млечни производи – сирење и сите производи на база на млеко.

4. Конзумирајте алкохол во ограничени количини. Не препорачуваме повеќе од две чаши дневно. Познато е дека умерените количини на алкохол го зголемуваат бројот на ХДЛ (добриот холестерол) со што се уништува лошиот холестерол.

5. Не заборавајте на редовната физичка активност. Пешачете, шетајте или возете велосипед. 30 минути дневно издвојте за било каква физичка активност.

6. Конзумирајте Витамин Е, овој витамин помага во обновување на организмот и помага кај луѓе со оштетени артерии кои настануваат од висок холестерол, шеќер во крвта или пушење.

7. Калциум од пивски квасец, Витамин Ц и Витамин Б6. Овие витамини исто така се одлични во борбата против холестеролот.

8. Користете масло од пченка, сончоглед, соја и лен.

9. Секојдневно конзумирајте риба – Совршено би било да јадете риба два пати неделно. Колку и да звучи чудно, најидеален вид на риба би била: скуша, сардина, харинга, лосос и други.

honey,garlic and lemon as natural medicine

10. Што се однесува до рибиното масло, познато е веќе дека тоа се користи за лечење на артериски болести. Рибиното масло во себе содржи два вида на полинезаситени масни киселини, кои се многу корисни за артериите. По две недели користење, ќе почувствувате подобрување.