Дијабетесот е болест која се карактеризира со покачена гликоза во крвта поради ослабениот одговор на инсулинот или неговото недоволно производство во организмот.

Инсулинот е хормон што се излачува од панкреасот и помага во апсорбирање на гликозата. Кога тоа се случува со намален интензитет, гликозата се акумулира во крвта и предизвикува непријатни симптоми.

Симптомите на дијабетес обично се појавуваат само кога нивото на шеќер во крвта е екстремно високо.

Трите класични симптоми на дијабетес се:

Засилено мокрење – Кога ќе се надмине бубрежниот праг за гликоза (околу 10 mmol/l), шеќерот во крвта почнува да се излачува во урината, предизвикувајќи и специфична миризба.

Зголемена жед – За да се компензира за исфлената вода преку урината, телото извлекува интрацелуларна вода во крвотокот, а тоа прави пациентот да се чувствува дехидрирано.

Зголемен апетит – Овој симптом обично е поизразен кај дијабетес тип 2, каде високото ниво на инсулин го стимулира гладот. Но, од друга страна, поради нарушувањето на метаболизмот, мастите се складираат во телото.

Лекарите докажале дека покрај овие три генерални симптоми, се појавуваат и шест други, кои во комбинација со трите горенаведени ќе ни дадат јасно до знаење што се случува во телото.

Забележете ги следниве симптоми:

1. хроничен замор

2. губење на тежината

3. сува уста

4. долго заздравување на раните

5. заматен вид

6. чешање во гениталиите

Сами по себе овие симптоми не покажуваат на дијабетес, но не ги игнорирајте никогаш.