Забоболката секако е една од најнепријатните болки кои ги познаваме. Но, со помош на многу едноставен трик кој вклучува коцка мраз, лесно ќе се ослободите од неа, ако не повеќе барем додека стасате до вашиот стоматолог.

Истражување спроведено во Канада во 80-тите години покажало дека од забоболката е возможно да се ослободите или барем да ја намалите без воопшто да ја отварате устата.

Се што ви е потребно е коцка мраз која ќе ја ставите помеѓу палецот и показалецот и лесно ќе триете со неа на тоа подрачје од дланката 5 до 7 минути.

Баш тоа подрачје на дланката е место на кое се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка во мозокот кој го контролира степенот на болката во рацете и главата.

Триењето со мраз ги блокира тие центри, а 90% од испитаниците кои учествувале во истражувањето потврдиле дека таквата техника им ја намалила болката.