Маслото од кантарион се подготвува така што во маслиново масло се ставаат гранчиња од растението и тоа отстојува одреден период, а потоа се користи за нега.

Маслото од кантарион е соодветно за третирање за сите типови на кожа – користете го за да ја смирите чувствителната кожа, за рехидратација, за намалување на брчките, за поттикнување на обновата на клетките и за против микроби и габични заболувања.

Можете да го направите и сами, па така секогаш ќе бидете сигурни дека дома имате квалитетен продукт, од кој ќе може да ги искористите сите позитивни дејства.

Доколку правите кантарионово масло за лице во домашни услови, не користете маслиново и кокосово масло, туку изберете масло од бадем или од семки од кајсија. За друга намена може и маслиново масло.

Свежите цветови оставете ги да се исушат еден ден и потоа наполнете тегла со нив до горе. Налејте го маслото кое го избравте и оставете на сончева светлина месец-дена. По прецедувањето, чувајте го во сад од темно стакло и што е најважно, не го користете при изложување на сонце.