Дали сте од оние што доцна навечер јадат или подгрицнуваат по нешто?
Најновото истражување пакажало дека време на конзумирање на оброк може да влијае на кардиометаболистичко здравје кај жената, односно внесување на поголем број калории после 18 часот, и е поврзано со лошо здравје на кардиоваскуларниот систем.
Неодамна спроведена студија укажува на тоа дека конзумирање на оброци порано во тек на денот може да допринесе до губење на килограми, за разлика од јадење подоцна.
Поранешните истражувања исто така покажале дека доцните оброци ги зголемуваат маркерите на воспалени кои обично се поврзани со развој на диабетис и срцеви заболувања, а некои други студии, спроведени на лабораториски глувци и луѓе, покажале дека со планирање на оброци во точно одредено врем може да доведе до контрола на нивото на шеќер во крвта, пренесува Medical News Today.
Негативно влијание на здравје најновото истражување, чии резултати се претставени на конгрес на Американското здружение за срце (АХА( во Филаделфија, упатува на тоа дека конзумирање на поголема количина на калории во вечерни часови може негативно да влијае на кардиоваскуларното зрдавје кај жените.
Главен автор на студијата е др. Ноур Макарем, научна соработничка од Универзитетот во Колумбија.
Макарем и нејзините колеги една година ги следеле диетските навики на 112 жени со просечна возраст од 33 години.
Го истражувањето на кардиоваскуларното здравје кај учесничките, на почето на студијата и една година подоцна со помош на програмата “Life’s Simple 7”, која се состои од седум променливи фактори на ризик кои го постави АХА.
Кај испитаничките бил следен крвниот притисок, холестеролот, шеќер во крвта, физичка активност, исхрана, телесна тежина и пушачки навики. На база на тие фактори научниците го пресметале кардиоваскуларниот здравствен резултат за секоја од нив.
Внесување на помалку калории навечер го намалуваат кардиоваскуларниот ризик.
Студијата покажала дека учесничките кои конзумирале повеќе калории после 18 часот биле предодредени кон лошо кардиоваскуларно здравје. Имено, кај оние кои внесувале поголема количина храна подоцна, кардиоваскуларните ризични фактори се зголемиле. Воочен е повисок крвен притисок, нивото на шеќер во крвта, како и телесната тежина. Поточно за секој еден посто пораст на внесување калории после 18 часот, во иста мерка е пакажан резултат на нивното кардиоваскуларно здравје.
Овие прелеминарни резултати укажуваат на тоа дека лице кое води сметка за врмето и бројот на калории кога се во прашање вечерните оброци, допринесува за намалување на ризик од срцеви заболувања“, рекла др. Макарем и додала, за резултатите да бидат што посигурни, треба да се спроведе дополнителна студија на поголем пример и меѓу разлина популација на жени.