Туморите на мозокот доаѓаат во различни форми и големини, па така се разликуваат и нивните симтпоми.

Клучниот фактор е локацијата каде што се наоѓа туморот.

Кога ќе го земеме предвид фактот дека секоја клетка во мозокот може да се претвори во тумор и дека сите информации, од секој дел, патуваат и заминуваат од него, јасно е дека листата на потенцијални симптоми на тумор може да биде бесконечна.

Напади

Независно од видот на туморот, нападите обично се прв знак дека се крие опасна болест во вашиот мозок.

„Туморот предизвикува иритација на мозочните клетки, па поради тоа невроните се однесуваат на нетипични начини, односно може да предизвикаат невообичаени движења“, откриваат докторите.

Како и туморите, и нападите се појавуваат во разни форми, како што се грчење на целото тело, грчеви во еден зглоб или дел од лицето.

Несмасност

Доколку често ви се случува да се плеткате со клучевите, се сопнувате или губете рамнотежа, можеби не станува збор само за несмасност. Обрнете внимание и на проблеми со говорот (плеткање со јазикот и слично), голтање или неконтролиран израз на лицето.

Губењето на осетот во некој дел од лицето исто така може да биде симптом на развој на туморот. Особено кога туморот се формира некаде во близина или на самиот мозочен дел, симптомите ќе се одразат на рамнотежата и здрвеноста. Тоа се случува затоа што тука мозокот се спојува со ‘рбетниот мозок.

Главоболки

И покрај тоа што честите главоболки автоматски ги поврзуваме со тешки болести, како што е туморот, тоа честопати не е случајот.

„Главоболките може да се појават кај повеќето тумори на мозокот и тоа дури во подоцнежната фаза од неговиот развој“, објаснуваат лекарите.

Промени во помнењето или размислувањето

Иако туморот може драстично да промени нечие однесување или начин на размислување, таквите екстремни случаи се прилично ретки. Она што почесто се случува во пракса се проблеми со помнењето, концентрацијата и чувството на збунетост.

Мачнина

Упорната мачнина, што трае подолго време и никако не попушта, може да е знак на тумор на мозокот, особено ако немате друго логично објаснување за неа.

Проблеми со видот

Замаглениот вид, двојната слика и губењето на видот (повремено или трајно) може да бидат поврзани со тумор. Покрај тоа, може да се видат и разни форми што го нарушуваат видот.