Не е исправна водата за пиење од повеќе јавни чешми во населените места во Прилепско.

Од центарот за јавно здравје информираат дека не е исправна за пиење водата од крајпатната чешма на селата Штавица и Плетвар, од чешмата кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во селата Леништа, Ореовец, Прилепец, Волково, а не е исправна ниту водата од чешмите што се среде селата  Чумово, Мало Рувци и Беловодица.

Водата од овие чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути, препорачуваат надлежните од прилепскиот Центар за јавно здравје, по резултатите од редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде нема водоводи.