Коронавирусот се појави и во една кумановска градинка. Станува збор за градинката „Ангел Шајче“ во Куманово во која ова е прв случај на заболен вработен со Ковид-19. Вработената е негувателка која уште во петокот не се појавила на работа поради здравствени проблеми.

Директорката на градинката, Марина Алексовска во изјава за медиумите посочила дека здравствените проблеми на вработената не биле типични за вирусот, но направено е тестирање кое утврдило дека истата е позитивна на Ковид-19.

Со одлука на Центарот за јавно здравје Куманово, децата и вработените од овој објект не се ставени во изолација бидејќи според нив преземени се сите безбедносни мерки за заштита од ширење на вирусот.