Нехуманите услови за работа во струшкото училиште „Браќа Миладиновци“ веќе една недела оставија без настава неколку основци поради ставот на нивните родители дека нема да ги пуштат да се образоваат во објект кој е буквално пред распаѓање.

Ваквата ситуација повторно го актуелизираше прашањето како во 21 век воопшто се дозволува постоењето на еден ваков проблем?

Без обезбедување на основните услови за едукација нема ниту квалитетно образование, а уште помалку квалитетни кадри.

Лошата состојба на училишта е еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат учениците од внатрешноста, но од друга страна пак се позастапен е булингот или насилството и нетрпеливоста меѓу нив која најчесто се случува во самата училница и на одморите и тоа по претходна провокација на социјалните мрежи. Тоа е нешто што уште повеќе загрижува велат педагозите.

За решавање на ваквите проблеми во образованието велат потребна е соодветна мултидисциплинарна стратегија и конкретен брз пристап кон решение или во спротивно последиците ќе ги трпат и самите ученици, но и општеството кое под такви услови не може да очекува стабилни високообразувани профили на граѓани.