Нема повеќе места во Клиничката болница во Битола и затоа денеска од тој регион ќе бидат хоспитализирани пациентите во болницата во Охрид за што има и план и слободни кревети и доволен број на респираторни машини, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој тврди дека ниту една здравствена установа во овој момент не е во ризик. Како што информира тој на денешната прес-конференција, во болницата „8 Септември“ има 50 пациенти, 35 потврдени, а капацитетот на болницата е близу 400 кревети.
– Не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа. На Инфективната клиника во моментов е хоспитализиран 81 пациент од вкупно 110 кревети, и плус 70 кревети во дополнителната монтажна болница, рече Филипче.
Сепак аа една недела се одложува нормализирањето на работата на клиниките, од претходно договореното, а медицински персонал ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“.
– За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките. Новиот кадар е потребен за да помогне на медицинскиот персонал кој директно работи со пациентите, рече министерот Филипче.