Ова се најчестите причини поради кои твоите нокти не изгледаат убаво.
Премногу внимаваш на нив
Доколку често ја отстрануваш кожичката околу ноктите, ја турпираш нивната површина или ги изложуваш на други „третмани“, ноктите брзо стануваат чувствителни и кршливи. Наместо тоа, ти препорачуваме да посегнеш по хидратантска крема и да ги намачкаш и со тоа да ги освежиш рацете и ноктните прочки.
Постојано ги лакираш
Не важно дали станува збор за обични лакови кои веќе третиот ден ќе исчезнат поради преголемо мокрење на рацете или пак за оние трајните, запамети дека и двата вида со текот времето ги уништуваат твоите нокти. Секако, не ти велиме засекогаш да се откажеш од лакирањето, туку само од време на време да правиш пауза.
Се храниш нездраво
Доколку живееш на брза храна и јадења од блискиот трговски центар, немој да очекуваш твоите нокти да бидат препрезентативен пример за совршенство. Сосема е едноставно – колку поздраво се храниш, толку ноктите ќе ти бидат поубави и поздрави. Маслиновото и ленено масло, зелениот зеленчк се одличен извор на витамини и хранливи состојки кои ќе им годат не само на твоите нокти, туку и на твоето тело. Во своето мени што е можно порано вклучите ги витамините А, В и Д. Не заборавајте – секојдневно нанесувајте им на ноктите чисто маслиново масло.