Во Иран денска биле регистрирани нови 34 900 случаи на коронавирус. Со овие бројки е надминат рекордот од понеделникот кога биле регистрирани 31 814 случаи. 157 лица починале, а вкупниот број на починати достигнал 89 479 лица. Станува збор за ширење на делта сојот со што во земјата се воведуваат нови ограничувања, а владата нареди затворање на државните канцеларии и јавните места во Техеран.

Иран, кој ја претрпе најтешката епидемија на вирусот, исто така се бори со остри санкции од САД, глобална изолација, топлотни бранови и протести поради недостиг на вода на југозапад.

Здравствените работници предупредуваат дека болниците во главниот град Техеран се преполни со пациенти, додека само помалку од три проценти од Иранците се целосно вакцинирани. Иранската влада објави дека нејзината домашна вакцина обезбедува околу 85% заштита од коронавирусот, без да открива податоци и детали. Иран ја увезе и руската вакцина „Спутник В“, како и АстраЗенека преку програмата Ковакс, поддржана од ООН.