Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден го продолжи карантинот во цела земја откако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19.
Жителите живееја без рестриктивни мерки, додека Арден не беше приморана поради новозаболените да воведе тридневен локдаун во земјата со еднонеделно затворање на Окленд. Карантинот е продолжен до полноќ до 24 август.
-Се уште немаме полна слика за новиот делта сој, изјавил премиерката.
На Нов Зеланд досега ревакцинирани се 19 проценти од популацијата која брои 5,1 милион жители.