Вкупниот број на лица заразени од новиот коронавирус во Грција денеска се искачи на 99, откако Министерството за здравство соопшти дека се потврдени 10 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 99. лица, 68 се во домашна изолација, 29 се хоспитализирани во болници во Атина, Солун, Патра и на Лезбос, а двајца се на Одделенијата за интензивна нега.
Од позитивните случаи, 95 се Грци, а четворица се странски државјани.
Паралелно, претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодра, соопшти дека во тек е постапката за пронаоѓање на контактите на новите 10 потврдени случаи.