Пред неколку децении, жените биле многу поактивни и повитки. Дневно трошеле околу 225 калории повеќе од денешните припаднички на поубавиот пол и во просек биле 20 килограми полесни!

Неделно поминувале околу 14 часа во физичка активност за разлика од денешните мајки, кои се домаќинки и вработени. Она што е особено загрижувачко е дека секоја генерација е се повеќе пасивна и подебела.

Врз основа на проучувањето на женските навики во последните пет децении, научниците дошле до заклучок дека денешните жени многу помалку се движат и не се доволно физички активни. Порано, жените многу повеќе останувале дома и секојдневно ги завршувале домашните обврски…

Денешните жени поминуваат повеќе време пред компјутерите и телевизорите, а многу домашни уреди им ја олеснуваат работата го домаќинството. Животниот стил е променет, така што немаат потреба за толку многу движење, што влијае врз здравјето и на линијата.