Во организација на ЕВН Македонија и Црвниот крст на Град Скопје денеска ќе биде изведена Новогодишна претстава подготвена од актерската екипа на Снежана Коневска Руси, со цел забава и дружење со волонтерите на ова организација за најмладите од повеќе иституции, дневни центри и семејства во социјален ризик.
Претставата ќе се одржи во салата на ДХО Даре Џамбаз со почеток во 11:00 часот.
– Водени од идејата дека секој човек, особено дете треба да ја почуствува празничната атмосфера за време на новогодишните празници ЕВН и Црвениот крст организираат хуманитарни настани под мото: „Да споделиме радост“. ЕВН донира 500 новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост од Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип, соопштуваат од ЕВН Македонија.
– Ве очекуваме заеднички да им ги разубавиме новогодишните празници на оние кои имаат потреба од дополнителна помош и поддршка за да ги доживеат весело престојните празници, соопштуваат од Црвен крст.