Синдикатот за образование, наука и култура СОНК и Министерството за образование на денешната заедничка средба постигна договор за покачување на платите од 1-ви јануари следната година.
На денешната средба во просториите на министерството беше постигнат договор со кој платата на просветарите се покачува за 10 % од 1 јануари.
Министерот Арбер Адеми истакна дека ова покачување доаѓа после двете претходни покачувања.

-Со оваа одлука ќе се враќа дигнитетот на оваа професија. Во следниот период МОН ќе продолжи со подобрување на материјалните и нематријалните компоненти во образованието. – рече Адеми.
Покачувањето на платите важи за средните, основните и виши училишта. Министерот информира дека покачување од 25% има и за научните институти.
Претседателот на СОНК истакна дека нивното барање за зголемување на платите, денеска беше официјално прифатено.
– За таа цел сакам да истакнам дека ова е почеток на нови конструктивни разговори со МОН. – рече претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Беа отворени прашања и кои ги мачат вработените во бобразованието, додава тој. Министерот Адеми вели дека постигнатата спогодба е во рамки на историски договор и покачување на платите во образованието.
Платите на вработените во образованието се покачени за 21.3% за еден мандат, а од буџетот, заклучно со следното покачување, се издвоени 1,4 милјарди денари.