Токио, кое е организатор на Олимписките игри соопшти дека новиот коронавирус чие жариште е во Кина нема да се одрази врз одржувањето на спортскиот настан. Јоширо Мори , претседател на Комитетот за организација на Олимписките игри кои треба да се одржат за околу пет месеци од сега, рече дека не се согласуваат со одложување или откажување на игрите.
„Ќе се координираме со владата и ќе постапуваме на смирен начин“, рече Мори во почетокот на состанокот на членовите на Меѓународниот олимписки комитет и локалната администрација на Токио.
Претседавачот со комисијата на Меѓународниот олимписки комитет Џон Коатс рече дека вирусот бил „неочекувано прашање“ и дека надлежните треба да покажат дека се преземени сите неопходни мерки за сите спортисти и посетители кои ќе дојдат во Токио.
Инаку здравствените власти во кинеската покраина Хубеи, која е жариште на вирусот, соопштија дека 242 луѓе починале од вирусот на грип во средата, што е најбрз пораст на дневниот биланс откако вирусот е забележан во декември. Вкупниот број на заболени во Кина сега е околу 60.000 луѓе.