За непријатниот здив никој не сака да разговара – ни оние кои патат од него, ниту оние кои се наоѓаат околу личности со непријатен здив. Тоа е една јавна табу тема – сите ја забележуваат, но сите молчат.
Лошиот здив секогаш е посочуван како еден од најнепријатните и најодбивните проблеми. Тој предизвикува срам, вознемиреност и дискомфор при воспоставување на блиски контакти. За жал, лошиот здив е многу чест проблем со кој сите се имаат соочено во одреден период од животот.
Иако може да постојат безброј причинители за овој проблем, сепак најчестите се наоѓаат во внатрешноста на усната шуплина.
Честопати причинител може да биде и нехигиена на устата, што не значи нужно редовно миење на забите, туку и редовна посета на стоматолог за отстранување на забниот камен, кариесот и воспалените непца.
Остатокот од причинителите се проблеми со внатрешните органи, проблеми со дишните патишта, метаболни пореметувања или некои други здравствени состојби.
Добрата вест е што за него постои едноставно решение.
Проблемот можете да го решите со следниот рецепт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 лимони
1 чаша топла вода
½ лажица цимет во прав
1 лажица мед
1 лажичка сода бикарбона
ПОСТАПКА:
Прво во еден сад измешајте сок од лимон со цимет и мед. Потоа додадете ја содата и водата.
Претурете во стаклено шише и добро промешајте.
Смесата можете да ја користите како течност за испирање на устата. После неколку денови ќе забележите промени во усната шуплина и намалување или целосно елиминирање на каменецот.
Напомена: После користење на течноста за испирање, не смеете да ги четкате забите и да јадете барем половина час.