Силен земјотрес утрово во 9:20 часот го потресе Сараево, јавуваат босанските медиуми.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар на својот профил на социјалната мрежа Икс информира дека земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на десетина километри северно од Сараево и со длабочина од шест километри.

Жителите на Сараево, како што пренесуваат босанските медиуми, по силниот земјотрес оставаат коментари на социјалните мрежи дека земјотресот го осетиле кратко, но силно, како и дека чувството додека тој траел било како воз да им поминува под нозете.

Засега нема информации за материјална штета предизвикана од земјотресот.