Дали сте постојано депресивни, нервозни и се борите со промени во расположението, сето тоа без причина? Па, тоа може да биде знак за недостаток на серотонин…
Храната богата со триптофан, аминокиселина која помага да се зголеми производството на серотонин, може позитивно да влијае на вашето расположение и целокупното здравје, вели нутриционистот и автор на книгата „50 Desi Super Drinks“ Ловнит Батра. Значи, ако сакате да тргнете на патот кон смиреност или среќа, еве пет намирници богати со серотонин кои можат да ви помогнат.
Банани: Бананите содржат аминокиселина наречена триптофан. Нашето тело користи триптофан за да произведе 5-HTP, соединение кое произведува серотонин и мелатонин, два невротрансмитери кои го регулираат расположението и спиењето.
Млеко: Млекото содржи триптофан, кој е аминокиселина која произведува серотонин, кој игра важна улога во регулирањето на спиењето и расположението.
Бадеми: Бадемите содржат многу хранливи материи, вклучувајќи фолати и магнезиум. Магнезиумот игра голема улога во развојот на серотонин, кој е главен придонесувач за чувството на среќа во вашиот мозок. Бадемите се богати и со витамини Б2 и Е кои помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем за време на стрес.
Ананас: Ананасот содржи триптофан за зголемување на серотонин во мозокот. Покрај тоа, ананасот содржи протеин бромелаин, кој има моќни антиинфламаторни својства.
Соја: Производите од соја се богат извор на триптофан. Не заборавајте дека овие намирници мора да се комбинираат со здрави јаглехидрати за да се влијае на нивото на серотонин – вели нутриционистот.