Пациентот кој ноќеска скокна од прозорец на Клиниката за неврохирургија, се здобил со повеќе скршеници и со крварење во стомакот. Станува збор за лице од Свети Николе оперирано пред неколку дена од тумор на мозок. Тој ноќеска скокнал од првиот кат на Клиниката за неврохирургија и вистинска среќа е што при падот не ја повредил и главата.
Според изјавите на лекарите по овие интервенции на главата, може да се случи промена во однесувањето и болниот да стане агресивен. Но може да се јават и други нарушувања, како психички растројства.
Пациентот едвај спасил жива глава и завршил со неколку скршеници на ногата, ребрата, но и со други повреди. Добил и крварење во стомакот, по што бил итно опериран и сега е префрлен на КАРИЛ, потврдиле од Универзитетската Клиника за неврохирургија за медиумите.