Сите лица што доаѓаат во Пекинг од Јужна Кореја, Јапонија, Иран и Италија ќе бидат ставени во карантин 14 дена, соопштија денеска кинеските власти.
Властите информираат во карантин ќе бидат ставени сите оние кои доаѓаат од нови жаришта на вирусот во кинескиот главен град.
И Шангај претходно објави дека ќе ги примора посетителите кои доаѓаат од земји со „релативно сериозна ситуација“ во врска со вирусот да бидат во изолација две недели, но тие земји не беа именувани.