Република Македонија и Република Полска во областа на здравствениот систем разговараа за унапредување на соработката, тоа беше и тема на средбата на министерот за здравство Венко Филипче со полскиот амбасадор Јацек Мултановски.

Министерството за здравство на својата веб страница објави дека полскиот амбасадор Мултановски се интересирал за состојбите во македонското здравство, како и за можностите за подобрување и за унапредување на јавниот здравствен систем.

На средбата се разговарало и за развивање медицинскиот туризам во Република Македонија, како и за доаѓање полски државјани во земјава за медицински цели.

Министерот Филипче ја истакнал важноста на размената на знаења, експерти и зајакнување на капацитетите во здравствениот систем за што билатералните соработки со Република Полска се од големо значење.

Во следниот период, како што посочуваат од Министерството, се очекува зајакнување на капацитетите со помош на фондови од Европската унија, наменети за здравствениот сектор.