Сеуште тапка во место изградбата на новиот Клинички Центар во Бардовци. Гламурозно најавениот проект на министерот за зддравство никако да почне да се реазлизира. Филипче со месеци ја убедува јавноста дека преговара со банката при Советот на Европа дали финансиски може да се вклучи во новиот Клинички центар. Но, во меѓувреме со месеци нема никаква активност за почеток на градба на новиот медицински комплекс. Како што тргнале работите ова ќе се пролонгира со децении, а не со години!

Наместо да се фокусира на новиот Клинички министерот Филипче распиша конкурс за идеен проект за нова градска болница на подрачјето на општина Аеродром.  Проектите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за здравство најдоцна до 18 јули до 13 часот.

Од здравство велат дека новата градска болница треба да имплементира нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки со цел намалување на просечната должина на болнички престој.

Тешко на пациентите и медицинскиот персонал ако и градската болница се гради како и новиот Клинички Центар!