Министерството за здравство на Приштина соопшти дека на територијата на Косово потврдени се два случаи на делта сојот на коронавирусот. На официјалната фејсбук страна од министерството посочуваат дека двата случаи на коронавирус се регистрирани помеѓу 22 тестирани примероци, кои се испратени на тестирање на Институтот за вирологија на Универзитетската клиника „Чарти“ во Берлин, Германија.

 

Двајцата заразени пацинети со делта сојот покажувале симптоми, но веќе се оздравени и нивната изолација е завршена, велат од министерството. Екипи на Институтот за јавно здравје од Приштина веќе ги откриле „сите можни извори и контакти“ со цел да се спречи понатамошното ширење на овој вид на коронавирус, додаваат оттаму.