Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги посетила Јордан и неговата мајка Ангелина од Велес кои живеат во ужасни услови и на кои итно им е потребна помош од државата.
-Утринава бев во Велес. Ги посетив Јордан и неговата мајка Ангелина. Кога телефонски разговарав со Јордан, ми кажа дека неопходно им е потребен фрижидер и болјер. При нашата посета денес им доставивме и фрижидер и болјер. Понекогаш судбината знае да си поигра со нас луѓето но затоа е тука хуманоста! Благодарност до Унијата на жени од Велес кој се приклучија на посетата со донација на храна, напиша на Фејсбук.