За да останете здрави во текот на месеците во кои владеат вируси и бактерии ќе ви помогне дезинфицирањето на определени предмети кои често ги допирате, а ги чистите многу ретко.

Мобилeн телефон

Мобилните телефони се најголеми носители на бактерии, а според бројните истражувања се докажа дека се валкани повеќе и од ВЦ-школката.

Затоа, потребно е редовно да го чистите вашиот мобилен телефон со антибактериско марамче или микрофибер крпа со спреј за чистење.

Тастатура

За брзо и ефикасно чистење, исклучете ја и избришете ја со антибактериско марамче за да ја отстраните прашината и остатоците од храна. Потоа, избришете ја со сува крпа.

Кваки

Во просторијата во која престојува личност заразена со грип, бактериите се задржуваат повеќе отколку што може да претпоставите. Затоа, во текот на сезоната со грип, се препорачува да ги дезинфицирате кваките со антибактериски марамчиња.

Работна површина во кујната

Особено е важно да ја одржувате чиста работната површина во кујната во сезона на настинки и грип. Со оглед на тоа дека на ова место престојува вашето семејство, важно е темелно да ја исчистите работната површина од бактерии.

Плишани играчки

Освен што плишаните играчки собираат прашина, тие можат да бидат извор на бактерии и вируси. Доколку вашето дете е болно, исперете ги неговите омилени играчки.