Пијанечко-Малешевскиот регион бележи раст на бројот на активни случаи со Ковид-19

Пијанечко-Малешевскиот регион регистрира пораст на бројот на активни случаи на коронавирусот кој сега изнесува 85 случаи. Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица се четирите града од истокот на Македонија каде…

Пијанечко-Малешевскиот регион регистрира пораст на бројот на активни случаи на коронавирусот кој сега изнесува 85 случаи. Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица се четирите града од истокот на Македонија каде коронавирусот не стивнува. Берово води со 5 новозаразени пред Делчево и Македонска Каменица каде има по три нови случаи, додека Пехчево има само два нови заразени.

Од делчевскиот здравствен дом информираа дека два од денешните случаи се асимптоматски, додека едно лице е упатено на болничко лекување.

– Ова значи дека имаме зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти за неполн месец од кои за среќа повеќето се во добра состојба. Во однос на асимптопатските случаи повторно имаме релативно млади лица, што значи дека продолжува трендот вирусот да се јавува кај помлади пациенти, истакнаа од Здравствен дом Делчево.

Додадоа дека тестирањата на контактите со заразените од претходните денови продолжуваат, поради што се очекуваат резултати во деновите кои следат.

Во однос на заболените во Берово според информациите на здравствените надлежни, три од новите случаи се од семеен кластер, додека меѓу заболените има и помлади лица. Оттаму апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот, особено за време на претстојните празнувања во градот.


Related Articles