Со годините, како се промени возрасната граница за стапување во брак, така се зголеми и бројот на парови кои имаат проблем со зачнување на дете.
Со ова расте и притисокот над младите девојки што порано да се „фрлат на работа“ како не би имале проблем понатаму заради годините.
Неретко, не ги земаме предвид неколку клучни фактори кои најчесто влијаат на зачнувањето – начинот на живот, исхраната, стресот под кој се наоѓаме во секојдневието.
Додека мажите не мораат да се грижат за нагло намалување на плодноста, во случајот кај жените, шансите за успешно забременувањесе намалуваат постепено после 30-тата година, а нагло паѓаат по 40-тата.
Верувањето дека плодноста кај жените нагло се намалува после 35-тата година, според најновите истражувања е преувеличување.
Ова верување се темели на еден извадок од минатата деценија за попис на француското население направен во периодот помеѓу 1670-та и 1830-та година.
Едно друго истражување, исто така старо 15 години, сведочи за речиси идентична плодност кај жените во 20-тите и во 30-тите години.
Ова истражување открива дека дури 82% од жените на возраст од 35 до 39 години забременуваат во период од една година, додека кај жените на возраст од 27 до 34 години оваа бројка е 86% (значи многу е мала реалната разлика во процентите на период за забременување).
Според последните истражувања, вистинската возраст кога плодноста кај жените започнува да се намалува е после 40-тата година во животот.