Доколку сакате да направите спреј за освежување на простории кој во исто време позитивно ќе делува на расположението и концентрацијата, денешните рецепти се совршени за вас!

Првиот рецепт комбинира масло од бергамот, кое го стабилизира расположението и ја смируваат нервозата, и масло од сандалово дрво и жалфија, чии мириси  смируваат. Во шише со спреј (најмалку 120 ml) истурете 50 ml водка, 15 капки масло од бергамот, 10 капки масло од жалфија и 10 капки масло од сандалово дрво. Добро измешајте, и потоа додадете 50 ml дестилирана вода. Повторно добро протресете го шишето. Спрејот користете го по потреба, кога сакате да го освежите воздухот во просторијата.

Уште една комбинација на масла ја смирува нервозата и чувството на бес, додека во исто време го подобруваат расположението. Можете да користите иста количина водка и вода од претходниот рецепт, а од маслото додадете 15 капки масло од лаванда и 15 капки масло од лимон. Користете по потреба, кога сакате да го освежите воздухот и да го подобрите расположението во просторијата во која престојувате.