Хрватскиот производител на прехранбени производи „Подравка“ објави дека повлекува дел од своите замрзнати производи на пазарот во Хрватска, произведени до 20 јуни, заради сомнеж за можно микробиолошко отстапување.
„Како мерка на претпазливост, а со цел да ги заштити своите потрошувачи, ‘Подравка’ на сопствена иницијатива донесе одлука за повлекување на дел од асортиманот на замрзнат зеленчук на пазарот во хрватска, произведен до 20 јуни 2018 година. Станува збор за следните производи: Млад грашок 450г, Грашок морков 450г, Жолта боранија 450г, Спанаќ 450г, Зеленчук за француска салата 450г, Кралски микс 450г, Летен микс 400г, Брокула 400г, Минестроне 400г, Раскошен микс 450г, Мексикански микс 400г, Зелена боранија 450г, Зеленчук за супа 400г.“, објави „Подравка“ на својата интернет страница.