Министерот за здравствоФатмир Меџити ја посети Поликлиниката Железара по повод набавката на нова медицинска опрема – дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од Министерството за здравство.

Меџити информираше дека овој дигитален мамограф претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи насекаде низ светот и важи за современа метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза. Со набавката на апаратот ќе се подигне и забрза квалитетот на здравствената заштита за пациентите.

„За наредната година се планира зголемување на бројот на кабинети за скрининг на рак на дојка согласно утврдените правила и протоколи донесени од страна на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка. Се искреира скрининг амбуланта на торакална хирургија за пациентки од скрининг кои имаат направено ехо мамографија, биопсија и потврден хистопатолошки наод и истите дирекно од д-р специјалист радиолог се упатуваат во амбуланта на торакална за одредување на термин за операција. Досега оваа можност др специјалисти радиолози ја немаа ниту во дијагностички процедури“, истакна Меџити.