Состојки:

За кора:

250 гр ореви
250 гр шеќер
150 мл кисела вода
100 гр чоколадо за готвење
150 гр мед
17,5 лажици брашно
3 ванилин шеќер
1 лажичка прашок за пециво
150 мл масло

За фил:

350 гр мелени ореви
350 гр шеќер
150 гр посен маргарин
100 гр чоколадо за готвење
2 кесички ванилин шеќер
2 кесички пудинг од чоколадо (без готвење)
400 мл млеко од соја или бадем

За декорација:

100 гр ореви
чоколадо за готвење

Подготовка:

За кората измешајте 250 гр ореви, мед, 250 гр шеќер, кисела вода, 3 коцки чоколадо што претходно сте го стопиле на пареа, 3 ванилин шеќер, масло, брашно и една лажичка прашок за пециво. Убаво измешајте ги состојките и истурете ги во тава обложена со хартија за печење. Се пече на 180 степени околу 20 минути.

За филот измешајте 350 гр шеќер со вода, па варете кратко. Додадете 350 гр мелени ореви и три коцки чоколадо кои претходно сте ги стопиле на пареа. Кога ќе се свари, тргнете го од шпорет, а кога ќе се олади додадете го изматениот маргарин и сè убаво измешајте со миксер. Пудингот се мати со ладно млеко од соја и ванилин шеќер (2 кесички) и се додава во филот, па се соединува со миксер.

Наредете ја тортата на следниов начин: кората исечете ја на три дела – хоризонтално или вертикално, па ставете од филот на секоја и потоа премачкајте ја целата торта. Украсете со мелени ореви или рендано чоколадо – по желба.

Оставете да отстои 48 часа пред послужување.