Градежните работи за изградба на потпорни ѕидови долж Клиничката болница во Тетово го стеснија речното корито на Пена.

Жителите кои живеат во негова близина стравуваат дека ќе се наруши стабилноста на коритото, што ќе резултира со голем ризик од поплави.

Велат дека општината не работи според урбанистичкиот план предвиден за оваа намена .

„Го знаеме урбанистичкиот план што треба да се примени овде, но како што ги гледаме работите, тие целосно отстапија од планот, и направиле круг токму на овој мост Ова кривина овде го става во опасност целото маало и болницата од прва можна поплава, вели жител на Тетово.

Ги повикаа општинските власти да дојдат на лице место и да ја видат состојбата на терен

„Мислам дека овој план е несигурен, не исполнувајќи го тоа што треба да го исполни, животниот стандард во оваа населба. Немавме консултации, никој не не праша и се изненадивме од ова што се случува, вели жител на Тетово.

Од Општина Тетово велат дека за локацијата позади Клиничката болница има два детални урбанистички плана кои се во функција од 2004 година.

Но, оттаму не прецизираа според кој план ги изведуваат градежните активности кои предвидуваат изградба на ѕид долг 1000 метри од двете страни на коритото.