Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.
Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на Ковид-19.