Од оваа сезона бесплатни вакцини против грип и за здравствени работници. Надлежните преку донација обезбедиле 10 000 дози за медицински лица кои се први на удар на вирусот. Статистиката покажува дека бројот на имунизирани лекари, медицински лица и останат персонал е едвај два проценти.

– Од две причини е важно да бидат имунизирани. Прво да се заштитат себеси од заразата и второ да не бидат причина за ширење на вирусот, Многу е мал опфатот досега кај овие лица вели Владимир Микиќ епидемиолог во ИЈЗ.
Годинава нема да има ограничувања со висината на пензијата и вакцините ќе бидат бесплатни за сите лица постари од 65 години. За заштита од грип нема да плаќаат и трудници, деца до 5 годишна возраст, хронично болни и пациенти на геријатрија. Во тек е тендерот во Министерството за здравство за набавка на 28 000 вакцини за оваа категорија на граѓани.
Освен бесплатните, Центрите за јавно здравје ќе набават и 21 000 комерцијални вакцини за сите кои сакаат да се заштитат од грип и за тоа ке платат.
Епидемиолозите очекуваат имунизацијата да започне на почетокот на идниот месец.
Претходната сезона заврши со околу 22 000 заболени и 29 смртни случаи, каде и покрај се Филипче не прогласи епидемија, како што беше случајот со морбилите, за која и ден денес сме под ист статус како и минатата година. Вака не се води здравството, посочуваат дел од загрижените граѓани, во периодот пред вакцинацијата.