ВМРО-ДПМНЕ: Епидемијата се злоупотребува за распродажба на идентитетот и исплата на кредитите на Заев

СДСМ и Заев се плашат од сопствениот народ,се наведува во партиското соопштение.. -Јавноста беше сведок дека под закрила на полицискиот час и мерките за справување со епидемијата, власта кукавички го…

СДСМ и Заев се плашат од сопствениот народ,се наведува во партиското соопштение..

-Јавноста беше сведок дека под закрила на полицискиот час и мерките за справување со епидемијата, власта кукавички го отстрануваше симболот на сонцето од Кутлеш на плоштадот во Крива Паланка. Со тоа продолжи континуираното погазување на достоинството на народот и на Македонија. Дополнително вчера и претседателот на Македонија, Пендаровски, во улога на портпарол на Заев и СДСМ, потврди дека СДСМ бега од носење на консензус на сите релевантни политички субјекти за одбрана на клучните национални интереси и идентитетски прашања како македонскиот јазик, македонската нација и македонскиот народ. Пендаровски вчера ги потврди нашите, но и стравувањата на јавноста, дека Заев и СДСМ се подготвени и понатаму да се пазарат со вакви прашања и на крајот да извршат еден инженеринг од кој ќе произлезе северно-македонска нација, што е недозволиво. ВМРО-ДПМНЕ уште минатата година, после првите сигнали дека може да биде оспоруван македонскиот јазик и македонскиот идентитет, побара носење на заедничка резолуција во одбрана на овие прашања, но истата Заев ја избегнува до ден денешен. Очигледно на Заев и на СДСМ им е битно да тераат сомнителни тендери за богатење, да поткупуваат граѓани со цел да го ублажат поразот или да бараат начин како да избегнат кривична одговорност за своите криминали, отколку да спречат целосно разнебитување на државата и македонскиот народ, истакнуваат од опозицијата.

Може да бегаат и да се кријат, како во случајот со кукавичкото однесување во Крива Паланка, ама нема да успеат да побегнат на казната на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе ги порази политиките на Заев, нивната неспособност и неодговорност. Од тоа нема бегање, додаваат од таму.


Related Articles