Во краток временски период за неполни осум години во Македонија ќе се соочат сите пациенти со недостиг на матични лекари, министерот и покрај тоа што е упатен и ги знае сите информации, нема никаква најава дека има идеја или план како да ја смени оваа состојба или да ја спречи, со некаков предлог или иницијатива. Предупредувањата доаѓаат од Здружението на лекари по општа медицина.

Од таму информираат дека просечната возраст на матичните лекари е 58 години и доколку не се изнајде начин за да се мотивираат младите, многу места ќе останат празни.

Според професорката Катица Зафировска, проблем претставува и несоодветната распределба на лекарите. Вели дека поради овој феномен, многу здравствени установи остануваат без лекари, додека во другите, пак, има пренатрупаност.

За да има дополнителен мотив кај лекарскиот кадар од руралните места, потребно е да им се зголемат платите, заклучува Зафировска.

Здружението периодот само што ја обележа 70-ет годишнината од своето постоење и посочува цело време на проблемите кои се појавуваат или ќе се појават, министерот Филипче, само треба да има слух за овие работи.

Здружението не е мало, брои 300 членови и доколку тие не го идентификувале проблемот и не гледаат да помогнат на пациентите, тогаш сигурно не е тоа министерот, посочуваат граѓаните, бидејќи тие своите матични доктори ги гледаат на терен и во ординациите секој ден, а тие не се во некоја канцаларија со убав поглед и од високо да ги надгледуваат работите, затоа некогаш треба да се послушаат и докторите со нивните предлози и искуство на терен и да се реагира веднаш!