Правилното доење и упорноста се од клучно значење. Најважно е лактацијата да почне во првите часови по породувањето. Покрај навремено, потребно е и правилно доење, односно поставување на бебето на градите, како и препознавање дали имате доволно млеко.
Треба да знаете дека само 2-5% мајки навистина немаат млеко за своите бебиња во првите четири месеци од животот. Основно правило е: ставајте го на гради што почесто и релативно долго (по 30 минути во првите две недели).
ДАЛИ ПРАВИЛНО ЦИЦА?
Бебето што правилно цица за време на доењето почнува да цица брзо и кратко, а како што надоаѓа млекото, тоа се опушта и цицањето станува побавно и уедначено. Ќе забележите дека целата вилица на бебето се движи. Бебето цица континуирано околу 10 минути на една дојка, па нема потреба да го скокоткате за да го одржите будно.
ПРИДОБИВКИ ОД ДОЕЊЕТО
Освен моменталните придобивки за бебето, доењето обезбедува долготрајни здравствени придобивки за личноста што растела на мајчино млеко во периодот предвиден за доење.
Адолесцентите и возрасните што биле доени има помалку шанси да развијат дебелина и метаболички нарушувања. Мајката, пак, што дои го редуцира ризикот од појава на канцер на дојка или јајници, а помали се шансите за појава на дијабетес тип 2 и постпородилна депресија.
СТИМУЛАЦИЈА НА ЛАКТАЦИЈАТА
Вашето млеко е најдобра храна за вашето бебе, а за стимулација на вашата лактација можете да користете капсули „лактил“ на „Евофарма“. Тоа е одличен природен производ од органски одгледани анасон и сладок анасон. Овие две билки го поттикнуваат создавањето млеко за време на лактацијата, а го олеснуваат и варењето кај бебињата и ги стимулираат да цицаат. Земајте двапати на ден по една капсула со повеќе течности и уживајте во доењето.