Фејсбук страната Ѓорче Петров денеска сподели видео од Ѓорче Петров 2 каде кај амбулантата никнала дива депонија.

-НОВО ! НОВО ! НОВО !
Депонија во Дексион (Ѓорче 2) пред амбулантата, која пак е уште поголема депонија од тоа пред неа.
Ѓорче Петров стана општина со најмногу депонии во градот Скопје.
Депонија пред амбулантата и спроти герентолошкиот завод – болница за стари лица !
Има снимки како се полни континуирано, а веќе ги има и првите пребарувачи !
Ова што се случува во Дексион е невидено, урбана населба со депонија на средина !
Ало општина, ало Aleksandar Naumoski се слушаме !?
Па добро бе, зар за се мора да има протести и камери за да поработите !?
СРАМОТА !, стои во постот на Ѓорче Петров.