Редици и гужви се формирале денеска пред вакциналниот пункт во Врање, откако на македонските граѓани им беше овозможено да се вакцинираат без претходна пријава преку српската владина е-управа. Инаку имунизацијата се врши во главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање.
Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот“.
-На граѓаните на Република Македонија им беше наложено да не прават гужви и им беше кажано дека сите ќе бидат вакцинирани, изјавија од Здравствениот центар во Врање, соопштија српските медиуми.
Последните неколку дена, стотици Македонци се вакцинирани во Врање, а само вчера вакцинирани се 599 лица, покажува статистиката на Здравствениот центар.